• Herbal house "BILKILIFE"

    Problem with available tourist services for people with disabilities, special
    recreation, rehabilitation, herbal therapy as added value to improve their health.
    This category of people in our country still don’t have the freedom to enjoy their
    life and enjoy tourist services, let alone have this type of service that will be
    rehabilitation for them. This problem is relevant because, everyone should have
    the equal possibilities and availability to these unique types of tourist services
    that are designed for them. In our country there aren’t enough tourist services for
    people with disabilities, at the same time with the covid pandemic these people
    are forgotten by society, which impacts their social life which is endangered even
    without the pandemic.

    Хербална куќа „БИЛКИЛАЈФ“

    Хербална куќа „Билкилајф“ е замислена како место за релаксација на умот и телото, преку разни форми и содржини- туристички услуги. Основата на сите услуги, програми, активности се билките, а да можат да ги користат лицата со попреченост, тие да имаат место каде ќе уживаат како туристи, но со додадена вредност, за нивното здравје преку хербалната терапија. Ова, особено сега е важно во време на пандемијата, кога кај лицата страда и нивното менатлно здравје. Дополнително, „Билкилајф“, ќе овозможи овие лица да се вклучат и во работен процес, со изработка на разни производи со лековити билки, со што ќе обезбеди двоен бенефит, придонес кон нивното здравје и подобрување на финансиската состојба. Секако, уште еден придонес од оваа идеја е што ќе  овозможиме и селектирање и искористување на органски отпад од лековити билки и негово претворање во производи.Ние се обраќаме до сите лица со попречености од разни категории.

    Цврсто веруваме дека оваа идеја  има големи шанси, зошто нема друга ваква идеја, бизнис, концепт, а реално недостига и е потреба на нашите простори.

    Затоа и нивото  на иновативност е огромно, бидејќи нема  друго решение, за лицата со попречености, преку хербална релаксација и ароматерапија да се одмараат и да го подобруваат здравјето, на нашите простори и да им овозможи работен ангажман од ваков тип.

    Системот ќе функционира, така што ќе ги вклучиме локалните собирачи на лековити билки, фирми – откупувачи на лековити билки, производителите на чаеви,  фармацевтски компании, градинарски центри. Ќе воспоставиме систем на селекција и собирање на органски отпад и ќе го преработуваме во суровина, со што ќе ја  продолжиме неговата употребна вредност, со производство на производи за релаксација и рехабилитација. Ќе поттикнеме и општествена одговорност кај бизнисите, а ќе придонесеме и  кон одржливиот развој и циркуларната економија

    „БИЛКИЛАЈФ“ ќе социјализира, рехабилитира, релаксира, ќе вработи и  поттикне општествена одговорност,ќе собира и селектира органски отпад, ќе  произведува.

    Social profiles

Leave a reply.